Кадри Мемеди имал 54 години, со над 20 години искуство. Често патувал во Германија и Турција и ги знаел рутите. Автобусот бил технички исправен, вели синот Бесар
Името на вториот возач на опожарениот автобус на автопатот Струма е Кадри Мемеди. Неговиот син Бесар за БНТ изјави дека телото на неговиот татко е пронајдено во кабината за спиење, што се уште не е потврдено.
Бесар изјавил за БНТ дека отишол да го провери името на татка си на списокот со преживеани и тој не бил меѓу нив.
Неговиот татко имал 54 години, со над 20 години искуство. Често патувал во Германија и Турција и ги знаел рутите. Автобусот бил технички исправен, вели синот.
Бесар тврди дека „Бесаа транс“ има сервис и во Турција. Неговиот татко заминал во четвртокот, а во петокот веќе бил во Турција.
Во петокот оттаму му се јавил на синот. Во автобусот, вели, не дозволувал патници со опасен багаж – ниту со пиротехнички средства, ниту со гориво.