Министерката Шекеринска објави дека Северноатлантскиот совет ги усвои целите на способности за Северна Македонија
Зацртан е правецот по кој ќе се развива македонската Армија како дел од НАТО, на министерскиот совет на Алијансата во Брисел, кој се одржува со физичко присуство на министрите за одбрана на земјите членки, меѓу кои е и С Македонија.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која првпат откако С Македонија стана членка на Алијансата лично присуствува на министерски состанок, објави дека Северноатлантскиот совет ги усвои целите на способности за Северна Македонија, кои го покажуваат правецот по кој ќе се развива Армијата.

„Состанокот на министрите на НАТО за одбрана во Брисел заврши со важна вест за нас – Северноатлантскиот совет ги усвои целите на способности за Северна Македонија, кои го покажуваат правецот во кој ќе се развива Армијата на Северна Македонија како НАТО армија. Целите на способности се дел од планирачкиот процес на Алијансата и земјите членки и нивна основна задача е да ја зацврстат колективната одбрана на НАТО“,
напиша Шекеринска на Фејсбук.