Неодамна разрешената в.д. директорка на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, влегува во трката за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори, како независен кандидат на коалицијата „Зелен хуман град“.
Петровска напомена дека како градоначланик на Скопје ќе се грижи за намалување на загадувањето, и со сите надлежни органи ќе учества за подобар квалитет на воздухот. Вети дека конечно ќе се затвори Вардариште, рак раната на градот, расчистување на дивите депонии, но и ќе вложува во енергетската ефикасност во училиштата, како и донесување на нов урбанистички план за да се зачува зеленилото.
„Ние имаме заедничка визија. Мислам дека заедно можеме да ги направиме промените кои граѓаните желно ги посакуваат. Сакаме градот да го отвориме кон јавноста, да биде поотчетни, да зборуваме за начинот како се програмираат и трошат парите на граѓаните. Услугите на граѓаните се пред сè, тие треба да бидат достапни, ќе работиме и на дигитализација. Ќе ги носиме младите, маргинализирани и луѓето со хендикеп во носењето на одлуките. Ќе работиме на нов урбанистички план кој ќе ја запре бетонизацијата, ќе го заштити постојното зеленило и ќе воспостави урбана мобилност. Загадувањето на воздухот е многу важна тема. Како град нема многу надлежности, но ќе работиме на краткорочен акциски план, согласно новиот Закон за амбиетен воздух“
рече Петровска.
Според Петровска, постојат многу можности да се работи на локално ниво и да се направат големи промени.
„Ќе дадеме простор на младите да се изразат и социјализираат. Има можност, додаде таа да се направи градска кујна, да се направат урбани градини и мслам дека сите заедно можеме да направиме големи работи“,
додаде Петровска.