Змиите се најдени при контрола на возило управувано од косовски државјанин. Тие се запленети и ќе бидат предадени на надлежните институции, додека против сторителот, Царинската управа вели дека повела соодветна постапка

Царинската управа соопшти дека на граничниот премин „Богородица“ спречила шверц на заштитени видови змии. Станува збор за седум млади змии, од кои четири биле питони, како и еден гуштер.
„Со намера да нелегално да ги внесе во државава, сторителот, змиите претходно спакувани во кутии и марами ги скрил под седиштето. Главно станува збор за заштитени видови, два питони од видот ‘Carpet Spilota’, еден питон од видот ‘Short tailed’, еден питон од видот ‘Brandly Carpet’, една змија ‘Chinese Ring rat’, како и од ‘Raticulated Super Dwarf’. Воедно меѓу запленетите змии е и отровна змија ‘Baron sneake’“,
соопшти Царина.
Змиите се најдени при контрола на возило управувано од косовски државјанин. Тие се запленети и ќе бидат предадени на надлежните институции, додека против сторителот, Царинската управа вели дека повела соодветна постапка.
„Потенцираме дека заштитените видови се строго регулирани со задолжителни дозволи согласно Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна и секој внес без овие дозволи се смета за недозволен внес“,
велат од Царина.
