Органодарителството почнува со разговор. Разговарајте со своето семејство, кажете ја својата одлука, за да не мора тие да одлучуваат наместо вас. Секој донор е надеж. Секое „да“ е нов живот, вели министерот за здравство Сашо Клековски

Вчера и вечерва, по повод Европскиот ден на донирањето органи, ткива и клетки, зградата на Влада на Македонија и објекти во Скопје, Прилеп, Струга, Велес, Тетово, Кавадарци, и во многу други градови светат во зелено, објави министерот за здравство Сашо Клековски.
Тој вели дека зад секоја трансплантација стојат луѓе што во најтешкиот момент избрале да помислат на некој друг. Министерот се заблагодари на донорите и нивните семејства, на живите дарители, кои дел од себе му го дале на својот најблизок, на трансплантационите тимови, како и на институциите што се приклучијаа кон иницијативата и ги осветлија своите објекти.
„Органодарителството почнува со разговор. Разговарајте со своето семејство, кажете ја својата одлука, за да не мора тие да одлучуваат наместо вас. Секој донор е надеж. Секое ‘да’ е нов живот“,
вели Клековски.
