Повеќе изгорени автомобили, објекти оштетени од оган, изгорени дворови и падини можат да се видат на фотографиите што денеска на Фејсбук ги објави кочанчанецот Николчо Гоцев, кој со поголема група доброволци учествувал во гаснењето на пожарот.
„Посакувам вчерашниот ден никаде и никогаш да не се повтори! Фотографиите зборуваат за алармантна ситуација во која херои испаднавме сите граѓани!!! Плачот на беспомошните жители ќе ни остави рана и долго време ќе ни одекнува во душата!!! Да се надеваме дека наредните генерации само ќе прераскажуваат за оваа непогода и нема да ја доживеат истата катастрофа”,
напиша Гоцев на ФБ.
На неговите објави кочанчани коментираат дека првата апокалипса била синоќа, а глетката по пожарот на дневна светлина е втората апокалипса што ја доживуваат.