Николов вели дека е важно да се спроведат мерки за заштита на границите за да се спречи нов пик и преоптоварување на здравствениот систем
Претседателот на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов, во вечерашното гостување во „24 анализа“ порача дека неопходни се мерки за да се спречи делта-сојот на ковид-19 и да се забрза процесот на вакцинација, бидејќи како што рече, лани истиот овој период власта тврдела дека се е под контрола и дека нема потреба од мерки, а поради се преполниле болниците со пациенти.
Николов упати и критики до Комисијата за заразни болести која како што рече, треба да се професионализира.
„Вчера при заседавањето на Комисијата за заразни болести не донесе никакви одлуки. А, сите сме сведоци дека дискотеките се пуштени да работат на максимум и дека се преполни со луѓе. Што јас би предложил за Комисијата за заразни болести? Јас би предложил да се професионализира и би предложил во неа да се вклучат луѓе експерти од сите универзитети и медицински факултети во земјата бидејќи ги имаме повеќе од еден. И секако би требало тука да се вклучат и оние институции кои што работат посебно на оваа проблематика. И многу е важно да се забрза процесот на вакцинација“,
истакна Николов.
Николов посочи дека е важно да се спроведат мерки за заштита на границите за да се спречи нов пик и преоптоварување на здравствениот систем. Тој додаде дека ако се влоши состојбата со делјта-сојот, прашање е дали учениците од септември ќе можат да се вратат во училиштата.
„Ние треба оваа битка да ја водиме за да останат училиштата отворени, бидејќи ако продолжи ова вака и не дејствуваме сега на почеток ризикот за повторно затворање на училиштата е многу поголем и поважен од овој ризик за затворање на економските единици од секторот на угостителство. Замислете втора година учениците да не одат на училиште, што ќе ни се случи. Замислете втора година да немаме доволно тестови. Која е причината сега да нема брзи тестови на луѓето кои што доаѓаат од ризичните земји и одма да се тестираат на граница и потоа да се стават во некаква домашна изолација, која што не чини ништо, чини само еден сертификат на кој што ќе му се издаде епидемиолошка мерка дека треба да остане дома во одреден период“,
појасни Николов.