Според „Тајмс“, за ваквите планови ќе расправаат високи европски и национални претставници од Комитетот на ЕУ за интегриран политички одговор на кризата, но Грција, Шпанија, Кипар, Малта и Португалија се очекува да се спротивстават
Германија ќе се обиде да им забрани влез на британските патници во Европската Унија, без разлика дали ја примиле вакцината против ковид-19, пренесува „Тајмс“.
Германската канцеларка Ангела Меркел сака да ја прогласи Велика Британија за „загрижувачка земја“ затоа што делта-сојот на коронавирусот е премногу распространет во оваа земја.
Весникот додава дека за ваквите планови ќе расправаат високи европски и национални претставници од Комитетот на ЕУ за интегриран политички одговор на кризата, но Грција, Шпанија, Кипар, Малта и Португалија се очекува да се спротивстават.
Предвидено е канцеларката Меркел неделава да се сретне со британскиот премиер Борис Џонсон во Англија.
Таа веќе и јавно зборуваше дека треба да се зборуваше да се воведе карантин за сите што патуваат во ЕУ од Велика Британија.
„Во нашата држава, ако доаѓате од Велика Британија, мора да одите во карантин – и тоа не е случај во секоја европска земја, што би сакала да биде“,
истакна Меркел во обраќањето што го имаше во Долниот дом на германскиот парламент минатата недела.
Телата на ЕУ веќе алармираа за опасноста од оваа варијанта на вирусот, која првично се појави во Индија и важи за многу позаразна од другите. Европскиот центар за превенција и контрола на болести минатата недела предупреди дека оваа варијанта може да стане доминантна во ЕУ, односно да достигне 90 отсто присуство меѓу новите случаи на инфекција во Унијата до крајот на август.