Европскиот центар повикува и на заврзување на вакцинацијата посочувајќи ги податокот дека делта-сојот е 40 до 60 проценти позаразна од другите
Делта-сојот на коронавирусот, кој се појави во Индија, кој е особено заразен, може да достигне 90 отсто присуство меѓу новите случаи на инфекција во Европската унија (ЕУ) до крајот на август, соопшти денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести.
„Многу е веројатно дека делта мутацијата на коронавирусот ќе циркулира во текот на летото, особено меѓу младите луѓе кои не се наоѓаат на списокот за вакцинација“,
изјави директорката на Центарот, Андреа Амон.
Иако алфа-варијантата на коронавирус, претходно откриена во Велика Британија, сè уште е доминантна во Европа, европскиот центар предвидува дека делта-сојот ќе претставува 70 отсто од новите инфекции во ЕУ до почетокот на август, и 90 проценти до крајот на истиот месец. Од овој Европски центар предупредуваат и повикуваат на претпазливост при укинување на мерките за заштита.
Исто така, Европскиот центар, повикува и на заврзување на вакцинацијата посочувајќи ги податокот дека делта-сојот е 40 до 60 проценти позаразна од другите. Со слични анализи и повици пред неколку дена излезе и Светската здравствена организација (СЗО). Оттаму наведоа дека делта-сојот е позаразен за 60 отсто од првичниот коронавирус што се појави во Вухан, како и дека е потребна побрза имунизација.