Припадниците на армиите на Северна Македонија, САД, Бугарија и Грција ги презентираа резултатите од вежбата во изминатите две недели
Државниот врв се собра денеска на Криволак, на презентација на резултатите од НАТО – вежбата „Одлучен удар“, што веќе две седмици се спродува на овој полигон.
Во Криволак денеска, освен претседателите на државата, на Владата и nа Собранието, како и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, се и повеќе членови на Владата и на парламентот, меѓу кои и министрите за: внатрешни работи – Оливер Спасовски, за здравство – Венко Филипче, за финансии – Фатмир Бесими…
„Денеска на Криволак ќе ја видиме моќта на сојузништвото. Пред државниот и армискиот врв, гостите од сојузничките земји и пред медиумите, припадниците на армиите на Северна Македонија, САД, Бугарија и Грција ќе ги покажат резултатите од извежбувањето во изминатите две недели, во „Одлучен удар 21“ – дел од најголемата НАТО вежба во Европа“,
напиша Шекеринска на Фејсбук.
Инженери од САД ќе го подготвуваат Криволак за меѓународната вежба „Одлучен удар 21“






