Коментирајќи ја изјавата на премиерот Зоран Заев, кој рече дека предлогот е добра основа за решение на спорот со Софија, Пендаровски вели дека сепак е рано за такви оптимистички констатации
Претседателот на државата, Стево Пендаровски, во интервју за „360 степени“ вели дека сетот идеи за надминување на спорот со Бугарија, што денеска се дискутираше и во Софија и во Скопје, не е целосно отфрлен од страна на Бугарија како што се толкуваше во повеќе медиуми.
„На прес-конференцијата таму, бугарскиот министер за надворешни работи во ниту еден момент не рече дека го отфрлиле предлогот, тоа беше дел од интерпретацијата на дел од бугарските медиуми и интерпретација на некои поранешни бугарски политичари. Исто и кај нас, ние не го отфрливме тој сет на идеи“,
рече Пендаровски.
Коментирајќи ја изјавата на премиерот Зоран Заев кој рече дека предлогот е добра основа за решение на спорот со Софија, Пендаровски вели дека сепак е рано за такви оптимистички констатации.
„Јас би одел малку подолу со ентузијазмот и оптимизмот. Мислам дека тоа е добра појодвна основа да почнеме да преговараме посериозно и да навлеземе во тие точки, кои за Бугарите се спорни, а за нас се неспорни. Тука зборувам за индетитетот каде тие спорат, а ние не можеме да попуштиме. Мислам дека ова е многу рана фаза за да можеме да кажеме дека овој документ денеска е основа за решение“,
рече Пендаровски.