Најави дека многу бргу ќе имаат конкретно решение, а одлука како сето тоа ќе биде интегрирано, ќе се носи дополнително
Двете локации за кои размислуваме и преговараме каде треба да биде лоциран новиот клинички центар се платото пред или зад базенот „Борис Трајковски“, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на реновираната зграда на Клиниката за неврофизологија.

Најави дека многу бргу ќе имаат конкретно решение, а одлука како сето тоа ќе биде интегрирано, ќе се носи дополнително.
Со детални информации ќе излезат наскоро и во врска со ГОБ „8 Септември“, но и за ПЕТ-центарот, во насока какви здравствени установи ќе бидат и дали ќе се поврзат.
Поранешниот министер за здравство Азир Алиу минатата година рече дека се разгледуваат три можни опции за новиот клинички центар, како реконструкција и модернизација на веќе постоечкиот клинички кампус, изградба на сосема нов клинички центар на нова локација или, пак, префрлање на целиот комплекс на просторот кај ГОБ „8 Септември“.
