Ова е од големо значење во однос на претходните сознанија, според кои втората доза требаше да се прими по 21 ден
Најновото истражување на институтот „Гамалеја“, кој ја произведе вакцината „спутник В“, потврди дека втората доза може да се даде и по 90 дена по приемот на првата доза, објавија по средбата српскиот министер за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ и рускиот заменик-министер за здравство Сергеј Глаголиев.
Ова според нив е од големо значење во однос на претходните сознанија, според кои втората доза требаше да се прими по 21 ден.
Докажано е дека зголемувањето на интервалот помеѓу првата и втората доза не влијае на јачината на имунолошкиот одговор, а во некои случаи дури и ја зголемува и го продолжува времетраењето на имунолошкиот одговор на коронавирусот.
Првите вакцини „спутник В“ во Институтот „Торлак“ во Белград треба да бидат произведени до крајот на мај годинава.