Потегот следи откако Руската Федерација не одговорила на барањето на Чешка за враќање во Москва на 20 протерани вработени од нејзината амбасада, поради што во чешката амбасада во Москва сега има само пет дипломати
Чешка одлучи да го намали бројот на вработените во руската амбасада во Прага, колку што изнесува и бројот на вработените во амбасадата на Чешка во Москва, соопшти на прес-конференција чешкиот министер за надворешни работи Јакуб Кулганек.
Потегот следи откако Руската Федерација не одговорила на барањето на Чешка за враќање во Москва на 20 протерани вработени од нејзината амбасада.
Претходно, Чешка одлучи да протера 18 руски дипломати, кои ги смета за агенти на руското воено разузнавање, ГРУ и руското надворешно разузнавање (СВР).
Русија возврати со најава за протерување на 20 чешки дипломати.
По ова шефот на меѓународниот оддел на чешката претседателска администрација, Рудолф Јиндрак, најави дека само пет дипломати ќе останат во амбасадата на Чешка во Москва.
Според чешкото МНР, во руската амбасада во Прага работат 27 дипломати и 67 лица технички персонал, а пет дипломати и 19 лица технички персонал работат во амбасадата на Чешка во Москва.
Така, 22 дипломати и 48 лица технички персонал би можеле потенцијално да бидат протерани од руската амбасада во Прага. Претходно денеска, Кулганек истакна дека околу 60 Руси ќе мора да ја напуштат Прага за да се изедначи бројноста во амбасадите.