Вежбата ќе се одржи од 28 април до 30 јуни и е дел од големата годишна, здружена, мултинационална вежба „DefenderEurope – 21”
Странски вооружени сили ќе можат да влезат и престојуваат на територијата на Северна Македонија, заради учество на воена вежба „Одлучен удар 21“, одлучи Владата на денешната седница.
Како што соопштуваат од Владата, вежбата ќе се одржи од 28 април до 30 јуни 2021 година и е дел од големата годишна, здружена, мултинационална вежба „DefenderEurope – 21” на која учествуваат околу 1 300 припадници на Армијата на Северна Македонија, 500 припадници од Вооружените сили на САД Држави и по 20 припадници на вооружените сили на Грција и Бугарија, со возила, вооружување, опрема, материјално-технички средства и воздухоплови.
Информацијата за која беше донесена одлука на денешната седница е по предлог на Министерството за одбрана.
