Вкупната бројка на починати од почетокот на епидемијата во нашата земја изнесува 3 940
Најмладиот починат пациент со ковид-19 во последните 24 часа е 28-годишно момче од Охрид, кое, како што објавија дел од медиумите, починало на Инфективната клиника откако претходно било хоспитализирано во охридската болница.
Тој е еден од 35 починати во последното деноноќие. Покрај него, како што покажува извештајот од Министерството за здравство, од Охрид сè уште 3 други жртви. Најголем дел од починатите – 12, пак, се од Скопје (87г, 84г, 81г, 80г,77г, 75г, 74г, 72г, 72г, 70г, 70г, 61г. Од Битола 6 (88г, 84г, 75г, 63г, 63г и 59г), а по двајца починати има Гевгелија (75г и 64г), Куманово (73г и 60г), Демир Капија (83г и 63г) и Кичево (78г и 68г) по 2 пациенти. По еден починат има од Гостивар (77г), Кочани (79г), Виница (72г), Велес (67) и Радовиш (49г).
Вкупната бројка на починати од почетокот на епидемијата во нашата земја изнесува 3 940.
Рекорден број на починати беше регистриран пред два дена кога за 24 часа имаше 50 смртни случаи. Висока бројка на починати – 45, имаше и вчера.
