Според Европската агенција за лекови, потребни се дополнителни истражувања за да се утврди неговата ефикасност против коронавирусот
Лекот „ивермектин“ не треба да се користи за лекување на ковид-19 надвор од клиничките испитувања, препорача Европската агенција за лекови (ЕМА).
ЕМА објасни дека ги разгледале најновите докази за употребата на ивермектинот како превенција и третман на ковид-19 и заклучиле дека дополнителните податоци не ја поддржуваат неговата употреба против коронавирусот надвор од клиничките испитувања.
Агенцијата дека не добила документи со кои се одобрува употреба на лекот, кој долго време се користи за лекување на некои паразити, вклучително и вошки.
Според ЕМА, потребни се дополнителни истражувања за да се утврди неговата ефикасност против коронавирусот. Лабораториските тестови откриле дека лекот може да ја блокира репликацијата на вирусот кој предизвикува ковид-19, но со многу повисока концентрација на ивермектин. Токсичните последици од тие повисоки дози не можат да се исклучат.