Нека тој пријател објавува мапи и нека си игра на Фејсбук, ние (Косово и Албанија) сме едно и така ќе продолжиме до крај.
Со ваков одговор премиерот на Албанија му одговори на српскиот претседател Александар Вучиќ кој објави мапа на Косово со знаме на Република Србија.
Коментарот, како што јави дописничката на МИА од Албанија, го даде за време на посетата на северниот албански град Кукс во кој денеска започна вакцинација на здравствени работници од Косово.
„Започнавме со 500 (здравствени работници). Нема да ве оставиме таму сами, бидејќи на крајот на краиштата ние сме едно. Фактот што вакцинацијата се одвива во Кукс е поради тоа што компаниите не дозволуваат да изнесеме вакцини надвор. Кукс припаѓа и на Албанија и на Косово. Нека тој пријател во Белград објавува мапи и си игра на Фејсбук, ние сме едно и така ќе продолжиме до крај. На здравје“,
изјави Рама.
Објавата со границите на Косово покриени со српско знаме, Вучиќ на направи на Инстаграм по повод годишнината од насилството во Косово, што се случи на 17 март 2004 година.
„Косово не е наше бреме, туку наш крст, и од крстот подобро се гледа воскреснувањето отколку од под него“,
напиша Вучиќ.
Тоа предизвика реакција и од ЕУ од каде побараат лидерите во Белград и Приштина да се воздржат од акти и изјави што се контрапродуктивни за нормализирање на нивните односи и да промовираат атмосфера погодна за помирување, регионална стабилности соработка.