Директорот на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет на УКИМ, Александар Петличковски во вечерашната дебата на „360 степени“ зборуваше и за постигнувањето на колективен имунитет на населението.
Зборувајќи за теренската студија спроведена на случајни минувачи од земјава, која покажа дека околу 30 отсто од тестираните имаат антитела на ковид-19, Петличковски вели дека идеално би било кога остатокот од процентот до колективен имунитет сега би се пополнил со вакцинирање.
„Некако ќе стигнеме до колективниот имунитет и тоа ќе ја заокружи пандемијата или нашава епидемија. Дали тоа ќе биде природен начин со пренос, а како сме тргнале се приближуваме секој ден, или дали ќе си помогнеме со вакцините е следното прашање. Би било идеално кога сега во поголем број со вакцините ќе го дополниме процентот. Тоа бара прецизни епидемиолошки пресметки, но мислам дека сега не е 70 проценти, туку прагот кој треба да биде постигнат од позитивизирано население е малку подигнат и изнесува околу 80 или 90 отсто, за да може да се ограничи преносот на вирусот“,
вели Петличковски