Американскиот претседател се сопна непосредно пред полетување за Атланта, ама помина без последици
Американскиот претседател Џо Бајден денеска падна на скалите на претседателскиот авион, непосредно пред пред полетувањето за Атланта – на средба со лидерите на азиската заедница, по пукање во салоните за масажа во вторникот.
Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер изјави дека претседателот Џо Бајден се чувствува добро откако се сопна на скалите додека се качуваше во претседателскиот авион.
Таа посочи дека причина можеби е силниот ветер во воената база Ендрус, близу Вашингтон.
„Надвор е многу ветровито. Претседателот е 100 проценти добро“,
рече Жан-Пјер .
Со 78 години, Бајден е најстариот претседател кој стапил на таа должност во историјата на САД. Тој влезе во Белата куќа на 20 јануари годинава.