За време на работната посета на Луксембург, македонскиот премиер се сретна и со својот колега од таа земја, која се посочува како една од најгласните застапници на проширувањето на ЕУ
Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими, во рамките на работната посета на Луксембург, денеска оствари средба со премиерот на оваа земја, Ксавиер Бетел.
На средбата со Бетел, како што соопштија од владината прес-служба, Заев истакнал дека Луксембург, како еден од најгласните застапници на проширувањето на ЕУ, е близок партнер на Северна Македонија и значаен глас во Европската комисија за нашата земја за старт на преговорите за членство во ЕУ.
Заев како принципиелен го оценил ставот на Луксембург во врска со бугарското вето, како прашање за кое не може да се разговара бидејќи идентитетските прашања произлегуваат од правото на самоопределување.
Премиерот Бетел, како што информираат од владината прес-служба, на средбата истакнал дека по сите храбри одлуки што ги донесоа премиерот Заев и Северна Македонија, земјата го заслужува своето место во ЕУ. Бетел, како што информираат од Владата, го поканил Заев останатиот дел од темите од интерес за двете земји, како што е поттикнувањето на вкупната економска соработка, како и можностите за директни странски инвестиции на компании од Луксембург во Северна Македонија, да ги разговараат за време на прошетката низ градот.