Бројката на новозаразени и оздравени во изминатите 24 часа е речиси идентична, но бројот на тестирања е помал
Во изминатото деноноќие 19 лица починаа во земјава како последица на ковид-19, додека регистрирани се 541 новозарзени од направени 2 789 теста или над 19 отсто од тестираните.
Починатите се на возраст од 55 до 89 години и тоа: 11 пациенти од Скопје, од Куманово и Кавадарци – по 2 починати лица и по едно починато лице од Охрид, Струмица, Неготино и Берово. Од нив 18 се починати во болнички, а еден во домашни услови.
Од новите 541 случај, најмногу се во Скопје – 290, потоа Прилеп – 43, Тетово – 22, Охрид – 21, Гостивар – 19, Кавадарци, Битола и Гевгелија – по 16, Велес – 15, Штип и Струмица – по 13, Ресен – 12, Неготино – 10, Куманово – 7, Богданци – 5, Кочани и Свети Николе – по 4, Струга, Пробиштип и Демир Капија – по 3, Валандово и Пехчево – по 2, Кичево и Радовиш – по 1.
Регистриран е 521 оздравен пациент од: Скопје – 166, Прилеп – 72, Охрид – 54, Кавадарци – 47, Неготино – 40, Куманово – 28, Тетово и Кочани – по 18, Велес, Струга и Крива Паланка – по 15, Гевгелија – 5, Богданци – 4, Крушево – 3, Битола, Пробиштип, Виница, Демир Хисар, Кратово, Демир Капија и Пехчево – по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Делчево, Берово и Македонски Брод – по 1.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112 646, бројката на оздравени пациенти е 97 687, на починати е 3 319, а бројот на активни случаи изнесува 11 640.
Во текот на изминатите 24 часа направени се 2 789 тестови преку: ИЈЗ-696, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена-354, Биотек-345, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Систина-335, лабораторија Лаор–412, Судска медицина-1, ЦЈЗ Битола-96, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Синлаб-39, Ремедика-17, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 251, УК Пулмологија со алергологија–7.
Досега во земјата се направени вкупно 566 183 тестирања на ковид-19.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 49775, активни 5695
Прилеп 6101, активни 824
Куманово 5983, активни 410
Тетово 5790, активни 371
Гостивар 4070, активни 301
Кавадарци 3845, активни 616
Штип 3818, активни 186
Велес 3753, активни 324
Битола 3710, активни 306
Охрид 3577, активни 464
Струмица 2918, активни 225
Струга 2518, активни 174
Кочани 1954, активни 130
Кичево 1825, активни 52
Неготино 1591, активни 389
Гевгелија 1495, активни 318
Свети Николе 1147, активни 42
Крива Паланка 961, активни 131
Ресен 887, активни 93
Дебар 804, активни 17
Радовиш 780, активни 39
Делчево 763, активни 47
Берово 705, активни 60
Пробиштип 588, активни 43
Виница 538, активни 22
Валандово 408, активни 38
Крушево 372, активни 110
Богданци 337, активни 73
Демир Хисар 300, активни 40
Кратово 300, активни 26
Демир Капија 282, активни 49
Македонски Брод 260, активни 8
Пехчево 196, активни 9
Македонска Каменица 194, активни 2
Дојран 101, активни 6
Поради зголемениот број пациенти кои побарале болничко лекување, од денеска повторно се отворени отворени се и ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид – центарот на Клиниката за уво нос и грло.