Од вкупно 937 хоспитализирани ковид-пациенти, 355 се во центри во Скопје, а другите се во ковид-одделите низ градовите во земјава. Како што информира Министерството за здравство, во моментов слободни се околу 260 болнички кревети.
Во изминатото деноноќие само во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
„Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 582 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 53 пациент позитивен и суспектен на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 46 болни, а во Куманово 93 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19“,
велат од Министерството.
Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 64 пациенти, во Прилеп 77, во ковид-центарот во Гостивар 21, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 10, Кавадарци 72, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и сомнителни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
„Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
велат од Министерство за здравство.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“,