Бројот на активни случаи по денешниот извештај се искачи над 10 000 од кои речиси половина се во Скопје
Од починатите најмладиот пациент бил 54, а највозрасниот 91 година
Во последните 24 часа направени се 3 450 тестирања за ковид-19 од кои се регистрирани 947 нови случаи, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 453, Прилеп – 65, Велес – 56, Неготино – 44, Кавадарци – 41, Штип – 30, Тетово – 29, Куманово – 26, Струмица – 22, Гостивар и Битола – по 21, Охрид – 19, Гевгелија – 18, Кочани – 17, Струга – 12, Крива Паланка и Крушево – по 9, Ресен – 7, Берово и Кратово – по 6, Делчево и Демир Капија – по 5, Дебар, Радовиш и Богданци – по 4, Кичево, Свети Николе, Пробиштип, Виница, Валандово, Демир Хисар и Пехчево – по 2.
Регистрирани се 397 оздравени пациенти од: Скопје – 175, Прилеп – 41, Кавадарци – 34, Куманово – 20, Велес – 16, Неготино – 15, Битола и Крива Паланка – по 14, Тетово – 11, Гевгелија – 8, Ресен, Пробиштип и Богданци – по 5, Гостивар, Штип, Струмица, Делчево и Кратово – по 4, Кичево и Крушево – по 3, Берово и Валандово – по 2, Струга, Свети Николе, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Пријавени се вкупно 21 смртен случај: 6 пациенти од Скопје (91г,90г,87г,66г,68г,78г), 3 од Берово (59г,51г,70г), по 2 од Куманово (72г,71г), Велес (82г,56г), Неготино (79г,79г), Гевгелија (83г,59г) и по 1 пациент од Кочани (66г), Крушево (74г), Богданци (54г) и Демир Капија (75г). Од нив, 19 се починати во болнички услови, два пациенти во домашни услови.
Над 10 000 активни случаи, речиси половина се во Скопје
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 110 209, бројката на оздравени пациенти е 96 570, на починати е 3 265, а бројот на активни случаи изнесува 10 374.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови на активни случаи е следна:
- Скопје 5 017
- Прилеп 757
- Куманово 393
- Тетово 316
- Гостивар 244
- Штип 154
- Кавадарци 572
- Велес 285
- Битола 255
- Охрид 436
- Струмица 202
- Струга 162
- Кочани 130
- Кичево 47
- Неготино 367
- Гевгелија 299
- Свети Николе 32
- Крива Паланка 129
- Ресен 73
- Дебар 17
- Радовиш 28
- Делчево 48
- Берово 45
- Пробиштип 34
- Виница 24
- Валандово 27
- Крушево 98
- Богданци 66
- Кратово 24
- Демир Хисар 36
- Демир Капија 38
- Македонски Брод 7
- Македонска Каменица 2
- Пехчево 6
- Дојран 4