Улогата на опозиција е секаде иста, да ја унапредат демократијата и да бидат дел од еден важен процес. Нивна задача е да дадат несогласување со парламентарното мнозинството, вели лидерот на ДУИ за предлогот на премиерот
Нема дијалози за создавање некое партнерство за коалиција, изјави денеска претседателот на владејачката ДУИ Али Ахмети , коментирајќи ја понудата на премиерот Зоран Заев за заедничко владееење со ВМРО-ДПМНЕ.
„Мислам дека овие се некои настани кои произлегуват од дневна политика, нема нешто за истакнување, нема некои дијалози или слично за создавање некое партнерство за коалиција. Опозицијата, како и секогаш, има цел да ги каже своите забелешки. Улогата на опозиција е секаде иста, да ја унапредат демократијата и да бидат дел од еден важен процес. Нивна задача е да дадат несогласување со парламентарното мнозинството“,
рече Ахмети, денеска во тетовско Доброште.
Според него, односите меѓу коалициските партнери во Владата се позитивни.
„Има комуникација, има соработка и добра соработка, а позитивните работи се во смисла на актуелните барања за што сме многу ангажирани, како што е владеењето на правото, завршување на преговорите со бугарската страна. Се надевам дека наскоро ќе се најде едно решение и со бугарската страна, за што побрзо да почнат преговорите за членството на нашата земја во Европската Унија“,
посочи Ахмети.