Македонкиот премиер прави споредба со Германија, посочувајќи дека таму 15 години заеднo владеат ЦДУ и СДП. Тој посочува и дека му било полесно да најде решение со Груевски, отколку со сегашниот опозициски лидер
Повик до опозицијата за учество во Владата упатува премиерот Зоран Заев, во интервју за „Слободен печат“, сепак, посочувајќи дека на таа тема не може да се разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„Нудиме соработка од секој можен аспект. Се што треба да направиме, да направиме, но дефинитивно мора да имате човек од другата страна, за да разговарате. Првпат го кажувам ова, сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада со опозицијата. Ама да има човек со кого може да се разговара, со господинот Мицковски не се разговара. Или, ако кај нив има разумен човек, а кај нас нема, нека го тргнат и Заев, само двете партии да можат да разговараат. Мораме да го здружиме нашиот народ, зашто тоа ни е потребно, го знаат и тие, а го знам и јас – премногу ни е поделен народот“,
вели Заев.
Тој прави споредба со Германија, каде што 15 години ЦДУ и СПД се заедно на власт. Исто така, вели, и во Швајцарија, сите се во Владата, па кој ќе победи повеќе е застапен или е премиер. На тој начин, според според премиерот, ќе престанат блокадите во парламентот и се ќе се решава прво во Владата.
„Се обидов на секој начин, кажав дека со Груевски можев да најдам решение, но со Мицковски не можам. Не знам што друго да направам! Еве сега го отворам и ова, иако имам мандат до 2024, но и во вакави околкности отворам можност да дебатираме. Кога сакаат тогаш, од утре, после локалните, кога се спремни сите – тогаш“,
изјави Заев.