Околу две третини од сите фалсификувани банкноти се во апоени од 20 и 50 евра
Во текот на 2020 година, вкупно 460 000 фалсификувани банкноти во евра се повлечени од оптек низ цела Европа и светот, што е досега најниската сума забележана, покажуваат податоците на Европската централна банка.
Најмногу лажни евра биле откриени во земјите од еврозоната и остатокот од ЕУ, а само 2,7 проценти во другите делови на светот.
„94,5 проценти од фалсификуваните банкноти се пронајдени во земјите од еврозоната, 2,8 проценти се пронајдени во земјите-членки на ЕУ надвор од еврозоната, додека 2,7 проценти се откриени во други делови на светот”,
наведе Европската централна банка.
Европската централна банка неодамна објави дека запленетата сума во 2020 година е за 17,7 проценти пониска од претходната година, и е најмалата количина фалсификати регистрирани досега во однос на бројот на банкноти во оптек.
Околу две третини од сите фалсификувани банкноти се во апоени од 20 и 50 евра.