Иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ има обезбедено двотретинско мнозинство за негово одржување, тврди Ивица Коневски.

Тој во емисијата „10 минути“ на ТВ 21 изјави дека конгресот ќе биде легитимен, бидејќи имаат 2/3 поддршка од околу 500 делегати од последниот конгрес, а на конгресот на 28 март ќе биде поканет и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
„Целта е да се бара одговорност од актуелното раководство, од претседателот за неколкуте изборни порази. И тој ќе биде поканет и доколку ги убеди делегатите дека тие порази не се по негова вина, се надеваме дека со овој вонреден конгрес партијата ќе излезе посилна и пообединета и ќе може да продолжи во поинакво светло и на стари патеки, на чело на државата, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ во минатото ја водеше во вистински правец“,
вели Коневски.
Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кои пред два дена закажа одржување конгрес на 28 март во Скопје, со образлоѓение дека Мицкоски нема капацитет и не ужива доверба меѓу членовите на партијата, а уште помалку меѓу неутралните граѓани и дека ќе му донесе уште еден пораз на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори.
Истиот ден, неколку часа подоцна, Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за редовен конгрес во ноември.