Министерот Османи очекува дека Акцискиот план ќе биде основа за протоколот на следната седница на Меѓувладината комисија, која се надева дека ќе се организира што побрзо
Додека разговараме за надминување на разликите со Бугарија, паралелно со тоа треба да продолжи и европскиот процес на земјава, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.
На прес-конференцијата со словачкиот министер Иван Корчок, одговарајќи на новинарско прашање, Османи рече дека идејата на Договорот за добрососедство со Бугарија беше да се институционализира дебатата по однос на разликите, за другите процеси од оваа дебата да не станат жртви.
„Во ноември го пративме нашиот акциски план, обемен план за сите министерства и проекти коишто се предвидени или, пак, доколку има недостатоци во реализација на тие проекти. Во јануари добивме одговор од Бугарија и за делот на прашањата на секторската соработка пред неколку дена разменивме наш став, бидејќи главно се прифатливи и забелешките по однос на секторската соработка, така што очекувам дека aкцискиот план ќе биде основа за протоколот на следната седница на mеѓувладината комисија која јас се надевам ќе се организира што побрзо“,
рече Османи.