Тие го чекаат опозиционерот да се врати од Германија каде беше на лекување од труењето со нервен гас, од август лани
Руската полиција уапси неколку приврзаници на опозиционерот Алексеј Навални на московскиот аеродром „Внуково“, кои го чекаат да пристигне од Германија.

На видео-снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како полицијата ја приведува опозициската политичарка, Љубов Собољ.
Видео задержания Любови Соболь аэропорту "Внуково". Задержан также брат Алексея Навального Олег. Автор видео – Антон Сергиенко (RFE/RL) #навальный pic.twitter.com/jfnAqAX1Md
— Радио Свобода (@SvobodaRadio) January 17, 2021
Навални денеска се враќа во Русија од Германија каде се лекуваше, откако во август минатата година беше труен со нервен агенс „новичок“.
Претходно, официјална Москва го предупреди Навални дека ако до 30 декември не се врати во Русија, ќе биде уапсен бидејќи не ги испочитувал обврските за условните казни.
Навални има две условни казни по пет години за два случаи за проневера на пари – „Кировлеса“, за проневера од над 16 милиони рубљи и за „Ив Роше“ за проневерени повеќе од 30 милиони рубљи.