Како поддржувач на досегашниот американски претседател, таа била во групата што го скрши прозорецот и упадна во зградата на Конгресот
Ешли Бабит (35), родена во Калифорнија e жената која беше убиена синоќа во нередите во Капитол во Вашингтон, при што загинаа уште три лица, а беа повредени најмалку 14 полицајци.
Бабит е ветеранка во воздухопловните сили на САД, која служела во Авганистан и Ирак, а потоа, како дел од Националната гарда, е испратена во Катар и Кувајт, пишува Вашингтон пост.
Како поддржувач на досегашниот американски претседател Доналд Трамп, таа била во групата што го скрши прозорецот и упадна во зградата на Конгресот. Во тој момент се слушнал истрел и Бабит, со знаме на Трамп околу појас, паднала на под раскрварена околу рамото. Некој извикал: „застрелаа девојка“!
Полицијата подоцна потврди дека таа починала. Според весникот, повикувајќи се на исказ од нејзиниот поранешен сопруг, Бабит била жесток поддржувач на претседателот Трамп, искажувала поддршка за него на социјалните мрежи и честопати ги истакнувала неговите теории на заговор и лажни тврдења за изборна измама.
Таа била застрелана од полициаец на Капитол хил, изјави службено лице.
Бабит е една од четири жртви во нередите и хаосот во Капитол синоќа.
Трите други жртви се една жена и двајца мажи, но нивните идентитети се уште не се утврдени. Конти изјави дека тие биле на места околу Капитол хил и дека тројцата „преживеале одделни критични ситуации што резултирало во нивна смрт“.