Парламентарното мнозинство го осуети обидот на опозицијата да го блокира донесувањето на измените на Законот за надворешни работи со амандмани од типот „лице кое има државјанство на Србија не може да биде амбасадор во Хрватска“ или „лице кое има државјанство на Косово не може да биде амбасадор во држава со која Косово има нерешени територијални спорови…
СДСМ соопшти попладнево дека ги повлекува измените на Законот за надворешни работи, што ги поднесе заедно со ДУИ и Беса, а со кои требаше да се обезбеди можност и лица со двојни државјанства да може да бидат амбасадори на земјава. Законот предвидува и дека лице со двојно државјанство нема да може да замине во дипломатска мисија во државата од која има уште едно државјанство, освен македонското.
Законските измени што беа поднесени во скратена постапка, а за кои во вторник требаше да расправа Комисијата за надворешни работи во парламентот, наидоа на критики од опозицијата, па и најави за блокада на решението.
Претседателот на Комисијата за надворешни работи Антонио Милошоски најави 300 амандмани од опозицијата. Тој напиша на Фејсбук дека предложените измени се произволни и дека претставуваат обид законот да се прилагоди на неколку персонални решенија на владејачката коалиција за пополнување амбасадорски позиции.
Милошоски објави и дел од амандманите кои во кои, главно, се менуваат државите чиј државјанин би можел да биде потенцијалниот кандидат за амбасадор и државите во кои не би можел да биде дипломатски претставник. На пример, еден од амандманите гласи:„Лице кое има државјанство на Р Србија не може да биде амбасадор во Р Хрватска“. Или: „Лице кое има државјанство на Р Косово не може да биде именувано за амбасадор во држава со која Косово има нерешени територијални спорови…“
„За време на мандатот ВМРО-ДПМНЕ испраќале амбасадори кои имале двојни државјанства што е спротивно на закон.
се наведува во соопштение на СДСМ.
Го правеле тоа со безобзирно прекршување на Законот за надворешни работи. За тоа многу добро знае претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ.
Целта требаше да биде да се дозволи кандидатите за амбасадори да имаат двојно државјанство, но да не можат да бидат амбасадори во земјата каде имаат второ држвјанство. Ние нема да дозволиме некој да прави личен театар и да бие внатрепартиска битка во ВМРО-ДПМНЕ правејќи театар од Собранието. Затоа ќе го повлечеме предлог законот од процедура. Нема да дозволиме политиканство, нема да дозволиме деструкцијата на ДПМНЕ и нивната внатрепартиска битка да ја закочи работата на Собранието“,
Од владејачката партија посочуваат дека закон, со ист текст, беше во процедура и во минатиот пратенички состав и тогаш, како што велат, ВМРО-ДПМНЕ немаше никаква забелешка, ниту пак поднесен еден амандман. Тогаш, наведуваат, беше истиот претседател на собраниската комисија, кој сега, во контекст на другите политички случувања во неговата партија, само глуми наводен патриотизам.
Пред распуштањето на претходниот собраниски состав, измени на Законот за надворешни работи, со цел да се овозможи лица содвојно државјанство да бидат амбасадори, поднесоа тогашните пратеници Артан Груби од ДУИ и Јулијана Николовска од ЛДП. Но, и овие измени ги блокираше Милошоски, презакажувајќи ја постојано седницата на Комисијата за надворешни работи, на која требаше да ги браната тезите и петмина кандидати за амбасадори.
Дел од кандидатите за амбасадори што ги предложи претходната влада на СДСМ и на ДУИ дури минатиот месец, по речиси една година од номинирањето, добија „виза“ да заминат на функциите.
Неодамна, одговарајќи на прашање дали би поддржал закон според кој сите државни функционери ќе мора да пријават дали, покрај македонското, имаат и друго државјанство, премиерот Зоран Заев рече дека треба да има дискусија и да се слушне мислењето на јавноста.