Генералниот директор на СЗО предупреди дека вирусот ќе продолжи да се шири доколку луѓето во сиромашните земји не можат да се вакцинираат
Некои земји купуваат вакцини за ковид-19 повеќе од што им е потребно, а со тоа се загрозува достапноста до вакцина за другите, посочи првиот човек на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус.
Тој смета дека правичниот пристап до вакцините ширум светот е во интерес на секого и на секоја земја и дека акумулацијата на вакцини во некои земји може само да ја продолжи пандемијата.
„Национализмот поврзан со вакцинацијата ќе ја продолжи пандемијата, нема да се скрати. Некои земји купуваат повеќе вакцини однапред, во количества што се над двојно повеќе од бројноста на населението, со што се загрозува достапноста на вакцините за другите земји“,
изјави Тедрос.
Тедрос предупреди дека доколку луѓето во сиромашните земји не можат да се вакцинираат вирусот ќе продолжи да се шири и економското закрепнување на глобално ниво ќе се забави.