Согласно сегашната динамика на одвивање на работите во врска со вакцините против ковид-19, очекувањата се дека во првите месеци на следната година, во јануари или февруари, би можеле да ги добиеме првите дози, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Неговите изјави доаѓаат откако две компании, „Астра Зенека“ и „Фајзер“, најавија дека на повидок е пуштање во употреба на нивните вакцини против коронавирусот.
„И ’Фајзер‘, втората компанија после ’Астра Зенека‘, аплицираше да добие дозвола за употреба од Европската агенција за лекови. Вообичаено, тоа е процедура која трае неколку месеци. Кога ќе завршат сите клинички фази на испитувањето, почнува административната процедура. Верувам дека ќе дадат одобрување по таа т.н. ургентна постапка и дека некаде до Нова година, такви се очекувањата, ќе добијат дозвола двете вакцини да бидат дистрибуирани“,
рече Филипче.
Ние ги очекуваме вакцините преку ковакс-механизмот, за што е потпишан договор со согласност на Владата и обезбеден е буџет.
„Ние ги очекуваме преку ковакс-механизмот, тоа значи дека секој еден производител, а овие две компании се дел од тој механизам, откако ќе ја добие дозволата за употреба, ги даваат дозите и тие еднакво се распоредуваат во земјите кои учествуваат во тој механизам. Секоја следна компанија која влегува во тој механизам ги дава на располагање своите дози. Да повторам дека имаме и две други понуди, една преку полскиот амбасадор во земјава и една од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој на последната средба со премиерот Заев во Солун покажал добра волја и можност да бидеме дел и од нивната количина на набавка. Грција како земја членка на ЕУ е обезбедена со директен договор со компанијата ’Астра Зенека‘“,
изјави Филипче.
„Астра Зенека“: Можно е вакцината против ковид-19 да биде достапна од декември
Американската компанија „Фајзер“ објави позитивни вести: На повидок е вакцина против ковид-19