Од утре ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Во претпладневниет часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а во текот на денот ќе дува и слаб до умерен, наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од 5 до 11 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, а претпладне ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Од утре ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, наместа вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи од дожд.
