Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен. Очекувам Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка. На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група, порача Филипче
Лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Венко Филипче, упати честитки до граѓаните на Србија за, како што вели, големата, историска победа. Во објава на Фејсбук, Филипче порача дека очекува Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка.
„Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен. Очекувам Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка. На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група“
напиша Филипче.
Претходно Филипче отворено изрази поддршка за студентите и посочи дека како професор, со цело срце ги поддржува младите во Србија.
Според првичните прелиминарни резултати, Студентската листа освои 51,47 отсто гласови на предвремените парламентарни избори во Србија ,соопшти набљудувачката организација ЦРТА. Зад нив, според обработените податоци е „Обединета Србија“ чиј носител на листа е Александар Вучиќ со освоени 40,42 отсто гласови.
