Лидерот на СДСМ тврди дека досегашниот претседател и носител на листата на владејачката Српска напредна партија (СНС), Александар Вучиќ планира да ги украде изборите, преку нерегуларности со избирачките списоци, издавање лични карти на странски државјани, притисоци врз вработените во јавниот сектор, контролирано и платено гласање, како и целосната контрола врз медиумите
Според него, ваквите состојби и се познати на Македонија уште од времето на експремиерот Никола Груевски, предупредувајќи дека сега повторно се сведочи за враќање на тој период
Лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Венко Филипче, преку објава на Икс, а во пресрет на утрешните избори во Србија, изрази поддршка за студентите во Србија, оценувајќи дека тие се можност за промена на системот и ослободување од, како што вели, криминалната власт.

„Србија утре гласа за ослободување од криминална власт. По речиси две години непрекинати мирни и демократски протести, студентите успеаа да дојдат до шанса за промена на системот“,
пишува тој на Икс.
Филипче тврди дека досегашниот претседател и носител на листата на владејачката Српска напредна партија (СНС), Александар Вучиќ планира да ги украде изборите, преку нерегуларности со избирачките списоци, издавање лични карти на странски државјани, притисоци врз вработените во јавниот сектор, контролирано и платено гласање, како и целосната контрола врз медиумите.
„Вучиќ планира да ги украде изборите. Големи нерегуларности со избирачките списоци, издадените лични карти на странски државјани, голем притисок врз луѓето вработени во државниот сектор, контролирано и платено гласање, и апсолутна контрола на сите медиуми“,
вели лидерот на опозициксата СДСМ.
Според него, ваквите состојби и се познати на Македонија уште од времето на експремиерот Никола Груевски, предупредувајќи дека сега повторно се сведочи за враќање на тој период.
„Никој повеќе не сака диктатори и криминалци што ги држат државите како заробеници, а граѓаните како заложници. Орбан падна. Сега е редот на Вучиќ. Сите знаеме кој е следен, кој е дел од таа организирана криминална група“,
додава Филипче.
Србија утре гласа за ослободување од криминална власт. По речиси две години непрекинати мирни и демократски протести, студентите успеаа да дојдат до шанса за промена на системот. Вучиќ планира да ги украде изборите. Големи нерегуларности со избирачките списоци, издадените лични карти на странски државјани, голем притисок врз луѓето вработени во државниот сектор, контролирано и платено гласање, и апсолутна контрола на сите медиуми. На Македонија ѝ е позната оваа слика уште од времето на Груевски, а денес сме сведоци на повторно враќање во тоа време. Никој повеќе не сака диктатори и криминалци што ги држат државите како заробеници, а граѓаните како заложници. Орбан падна. Сега е редот на Вучиќ. Сите знаеме кој е следен, кој е дел од таа организирана криминална група. Како професор, стојам со цело срце покрај младоста, а на нашите соседи им посакувам среќа утре. Сакам Србија и Македонија да имаат најдобри можни односи, без мешање во внатрешните работи на државата како што имаме сега со потчинетиот однос на Мицкоски кон Вучиќ. Студентите победуваат. #3
— Venko Filipce (@VFilipche) October 24, 2026
Како професор, посочи дека со цело срце ги поддржува младите во Србија и им посака среќа на соседите на утрешниот изборен ден.
Во објавата на Икс, се осврна и на односите меѓу Македонија и Србија, изразувајќи желба за нивно унапредување, но без мешање во внатрешните работи на двете држави.
Упати и критика на односот на премиерот Христијан Мицкоски кон Вучиќ, оценувајќи го како потчинет.
„Сакам Србија и Македонија да имаат најдобри можни односи, без мешање во внатрешните работи на државата како што имаме сега со потчинетиот однос на Мицкоски кон Вучиќ. Студентите победуваат“,
напиша Филипче на крајот од објавата.
Утре во Србија се одржуваат вонредни парламентарни избори, кои се трети во последните пет години, пренесува регионалниот сервис на „Радио Слободна Европа“ (РСЕ).
Изборниот процес се одвива во длабоко поларизирана атмосфера поттикната од масовните антивладини протести што започнаа во ноември 2024 година.
Според анализите, изборите се сметаат за најголем тест за 14-годишното владеење на Александар Вучиќ, кој во септември поднесе оставка од претседателската функција за да може ја предводи листата на Српската напредна странка (СНС).
Во изборната трка учествуваат 18 листи со вкупно 2 418 кандидати. Само 250 од нив ќе влезат во новиот состав на српскиот парламент и ќе добијат можност да формираат влада.
