Полицијата ги пропушта низ барикадите, а во оградениот простор повторно се поставуваат шатори, пренесуваат дел од медиумите
Групи луѓе облечени во црно и со качулки, претежно мажи, се собираат вечерва во Пионирскиот парк во Белград, пренесуваат повеќе српски медиуми. Како што објави, „Нова.рс“, полицијата ги пропушта низ барикадите, а во оградениот простор повторно се поставуваат шатори.

Околу локацијата е забележано засилено полициско присуство, со распоредени припадници на жандармеријата и полициски возила.
ĆACILEND SE OPET PUNI ! https://t.co/lcO4Ujt3PK
— BezStraga (@BezStraha26279) October 25, 2026
Grupa muškaraca obučena u tamnu odeću i uglavnom sa kapuljačama kreće se u Pravcu Pionirskog parka u Beogradu manje od sat vremena do zatvaranja birališta. Pratite specijalni program PRAVO NA GLAS na Insajder TV i blog uživo na https://t.co/ybyaZCjTKr https://t.co/xg9K1iIreF
— Insajder TV (@Insajder_net) October 25, 2026
Дополнителни полициски сили се забележани и на други локации во центарот на Белград, вклучително и во близина на зградата на Републичката изборна комисија.
Од страната на „Студентите победуваат“ упатија повик до граѓаните да не се собираат во близина на местата каде што е забележано засилено присуство на полицијата и на лица без униформи.
„Ги повикуваме сите граѓани на Белград да не се собираат во близина на местата каде што е забележано засилено присуство на полицијата и на лица без униформи. Безбедно, мирно и достоинствено до крај“,
порачаа студентите.
Позивамо све грађане Београда да се не окупљају у близини места где је примећено појачано присуство полиције и неуниформисаних лица. Безбедно, мирно и достојанствено до краја.
— Studenti_u_blokadi (@studentblokade) October 25, 2026
Пред затворањето на гласачките места, на прес-конференцијата во 19 часот од Републичката изборна комисија информираа дека до 18 часот на предвремените парламентарни избори во Србија гласале 64,89 отсто од запишаните избирачи, соопшти Републичката изборна комисија.
Во однос на изборни нерегуларности, од комисијата велат дека изборниот ден е мирен со помали неправилности. На новинарско прашање за нападите на новинари и инцидентите за кои информираа повеќе медиуми и набљудувачката организација ЦРТА, претседателот на РИК, Владимир Димитирјевиќ, кажа дека се случиле надвор од избирачките места, за што се надлежни министерството за внатршени работи и обвинителството.
Што се однесува до полициското обезбедување и металните огради поставени околу зградата на РИК, Димитријевиќ вели дека станува збор за полициска проценка.
