Повеќе улици се затворени за сообраќај, а засилено е и обезбедувањето околу Републичката изборна комисија (РИК), Собранието, Пионирскиот парк. Дел од медиумите пренесуваат дека се поставуваат шатори на местото каде за време на студентските протести беше кампот на граѓаните кои се противеа на блокадите
Полициски кордони и оклопни возила наменети за разбивање демонстрации се распоредени на повеќе локации во центарот на Белград, пренесува „Нова.рс“. Како што известуваат дел од медиумите во Србија, повеќе улици се затворени за сообраќај, а засилено е и обезбедувањето околу Републичката изборна комисија (РИК), Собранието, Пионирскиот парк и неколку други институции.

Фото: Принтскрин
Дел од медиумите пренесуваат и видеа од социјалните мрежи на кои се забележува дека во Пинорискиот дом се поставуваат шатори и други инсталации, на местото каде за време на студентските протести беше кампот на граѓаните кои се противеа на блокадите.
U Pionirskom parku ponovo se postavljaju šatori i propratne instalacije, a park je i dalje ograđen ogradama. Policija prisutna. https://t.co/XQGKZjH8Tj
— Mašina (@MasinaRS) October 25, 2026
Jos policije stize u Cacilend https://t.co/MYY7h3ws85
— Maja Vukas (@M2aja) October 25, 2026
Oд утрово се поставени метални огради околу зградите на Републичката изборна комисија (РИК) и српското Претседателство, а во тој дел од градот е запрен и јавниот превоз. Од српската полиција за дел од медиумите изјавиле дека просторот е затворен од безбедносни причини, бидејќи таму се наоѓаат објекти од значење за државата. Пристап во оградениот простор имаат само граѓаните што живеат во тој дел од градот или одат да гласаат на избирачките места во околината.
