На новинарско прашање за нападите на новинари и инцидентите за кои информираа повеќе медиуми и набљудувачката организација ЦРТА, претседателот на РИК, Владимир Димитирјевиќ, кажа дека се случиле надвор од избирачките места, за што се надлежни министерството за внатрешни работи и обвинителството
До 18 часот на предвремените парламентарни избори во Србија гласале 64,89 отсто од запишаните избирачи, соопшти Републичката изборна комисија. На претходните избори во 2023 година, како што кажа директорот на Републичкиот завод за статистика, Бранко Јосиповиќ, излезеноста изнесувала 51,93 отсто.
Излезеноста до 18 часот на овие избори бележи скок од 12,96 процентни поени споредено со претходните во 2023 година.

Фото: Принтскрин
Според податоците кои ги соопштија од РИК, по региони, во Војводина излезеноста е 66,90 отсто, во Шумадија и Западна Србија изнесува 64,53 отсто, во Јужна и Источна Србија 62,01 отсто и во Белградскиот Регион излезеноста е 65,67 отсто од запишаните избирачи.
Во однос на изборни нерегуларности, од комисијата велат дека изборниот ден е мирен со помали неправилности. На новинарско прашање за нападите на новинари и инцидентите за кои информираа повеќе медиуми и набљудувачката организација ЦРТА, претседателот на РИК, Владимир Димитирјевиќ, кажа дека се случиле надвор од избирачките места, за што се надлежни министерството за внатршени работи и обвинителството.

Што се однесува до полициското обезбедување и металните огради поставени околу зградата на РИК, Димитријевиќ вели дека станува збор за полициска проценка.
Попладнево повеќе улици во Белград се затворени за сообраќај, а засилено е и обезбедувањето околу Републичката изборна комисија (РИК), Собранието, Пионирскиот парк и неколку други институции. Полициски кордони и оклопни возила наменети за разбивање демонстрации се распоредени на повеќе локации во центарот на градот.
