Опозицијата сега бара и кривична одговорност од министерот за здравство, додека од владејачкиот табор го обвинуваат Мицкоски дека „се радува на бројот на починати од ковид-19“
„Мрачни некрофили“, така СДСМ, во денешното соопштение, ги нарекува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и епидемиологот и член на ИК на опозициската партија Вело Марковски, кој вчера настапи со теории за штетноста на антибиотикот „сумамед“ во третманот на болните со ковид-19.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, по серијата секојдневни барања за оставка на министерот за здравство, денеска побараа и кривична одговорност оценувајќи дека „неспособниот Венко Филипче не се грижи воопшто за здравјето на граѓаните“. Опозициската партија денеска ги „зачини“ постојаните обвинувања кон власта со фотографии од пред Клиничкиот центар, како доказ дека „пациенти чекаат пред клиниките и по час и половина за преглед, а сликите од пред
клиниките се ужасни“.

„Последните изјави на Марковски носат нов скандал. Тој на сите доктори кои препишуваат ‘сумамед’ во стандардна терапија индиректно им го стави на товар бројот на починати од ковид-19.
се наведува во соопштение на СДСМ.
Претходно, овој член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ ги убедуваше граѓаните дека вирусот не е опасен, дека нема да има есенски бран и дека маски воопшто не треба да се носат. Со тоа Марковски се обидува да го поткопа здравствениот систем.
Истовремено, неговиот шеф Мицкоски секојдневно се радува на бројот на починати од ковид-19. Како едвај да чека бројот на починати од коронавирусот да се зголемува, за навечер да објавува содржини на социјалните мрежи каде што ликува и се радува на несреќата на стотици семејства. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, тоа се Мицкоски и Марковски, мрачни некрофили кои се обидуваат политички да профитираат врз несреќата на граѓаните“,
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, претходно се јавија со соопштение во кое се наведува дека грешките на Филипче се плаќаат со десетици мртви и дека министерот треба и кривично да одговара.

„Оставка е веќе премал чекор. Во прашање е кривична одговорност. Неспособноста на Венко Филипче во последното деноноќие закопа 30 граѓани. Филипче и Заев завија во црнина 30 семејства. Се гледа дека на Филипче му оди со црни рекорди! Неспособниот Филипче не се грижи воопшто за здравјето на граѓаните. Неспособниот Филипче наоѓа време само за свои бизниси и тендери и за луѓе од власта. Филипче го уништи здравствениот систем. Поради сето ова, поради сите фамилии завиени во црно, Филипче треба да си даде оставка која во вакви услови е премал чекори. Секој кој ќе го загрози здравјето на граѓаните треба и кривично да одговора“,
се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
