„Со нетрпение очекуваме да го продолжиме и да го унапредиме нашето партнерство со новоизбраните членови на Народното собрание на Србија и граѓаните на Србија, надоградувајќи го моментумот постигнат во изминатата година, вклучително и со започнувањето на Стратешкиот дијалог“, порачаа од Стејт департментот
По вчерашните предвремени парламентарни избори во Србија, на кои Студентската листа однесе убедлива победа, од американскиот Стејт департмент порачаа дека очекуваат продолжување и унапредување на партнерството со новоизбраните членови на српскиот парламент и со граѓаните на Србија.

Во изјава за регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), од Стејт департментот велат:
„Со нетрпение очекуваме да го продолжиме и да го унапредиме нашето партнерство со новоизбраните членови на Народното собрание на Србија и граѓаните на Србија, надоградувајќи го моментумот постигнат во изминатата година, вклучително и со започнувањето на Стратешкиот дијалог.“
Го поздравија учеството на српските граѓани на парламентарните избори, на кои имаше огромна излезеност.
Според досега обработените резултати од изборите, Студентската листа освои 52,7 отсто од гласовите, додека „Обединета Србија“, предводена од Српската напредна партија, доби 39,1 отсто од гласовите.
Александар Вучиќ, кој беше носител на листата „Обединета Србија“, вчеравечер од изборниот штаб на Српската напредна партија го призна поразот на предвремените парламенатарни избори, рече дека е горд на сè што е досега направено и порача дека ќе продолжат да се борат и ќе покажат што значи опозиција.
