Во текот на вчерашниот ден, бројката на хоспитализирани беше за 55 помала во споредба со денешната
Според последните податоци на Министерството за здравство за состојбата со ковид-19 во земјава, во болниците низ земјава моментно се хоспитализирани 973 пациенти од кои 352 се во ковид-центрите во болниците и клиниките во Скопје.
На Инфективната клиника, во последното деноноќие, се примени 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 161 пациент. На кислородна поддршка се 134 пациенти, еден пациент е на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 позитивни и 3 деца суспектни на ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, а на Клиниката за неврологија 19 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 71, а во болницата во Штип 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 493 позитивни и сомнителни на ковид-19.
Во текот на вчерашниот ден, бројката на хоспитализирани беше за 55 помала во споредба со денешната.