Вкупно 918 лица кои се позитивни и суспектни на ковид-19 се лекуваат низ ковид-центрите во земјава.
Според последните податоците на Министерството за здравство на Инфективната клиника во изминативе 26 часа примени се 12 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 162 пациенти. На кислородна поддршка се 137 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се девет деца позитивни и едно дете кое е суспектно на ковид-19, дополнително хоспитализирани се и 26 возрасни пациенти позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има осум приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се тројца пациенти.
Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 55 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 48 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 472 позитивни и сомнителни на ковид-19.
Од денеска ковид-пациенти ќе се примаат и на интерните клиники, а како што најави министерот за здравство, Венко Филипче, таму се обезбедени 150 болнички кревети.
За состојбата со ковид-19 во земјава во последните 24 часа, прочитајте ТУКА.