На интерните клиники од денеска во функција се ставени нови 150 дополнителни болнички кревети за лекување на пациенти позитивни на ковид-19.
Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретна со директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, Дејан Докиќ, како и со дел од медицинскиот персонал, на интерните клиники каде ќе бидат сместени ковид-пациентите.
Како што информираат од Министерството за здравство, со овој проект се зголемува сместувачкиот капацитет за пациенти заразени со ковид-19, нема да го поремети нормалното функционирање на сите овие клиники.
„Изминатиов период, министерот Филипче со директорите на сите интерни клиники одржа повеќе координативни состаноци, медицинските тимови се подготвени да работат и со ковид-пациенти, а да ги вршат и тековните прегледи и интервенции закажани преку Мој термин“,
инфомрираат од Министерство за здравство.