Градоначалникот Мајкл Лудвиг, по состанокот на кризниот штаб, вечерва објави дека напаѓачите пукале кон луѓето кои седеле во кафулињата
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вели дека е шокирана и тажна од бруталниот напад што се случи вечерва во Виена.
„Европа стои во целосна солидарност со Австрија. Заедно сме посилни од омразата и теророт”,
напиша Фон дер Лајен на Твитер.
Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва објави дека Французите ја делат тагата на Австријците, најавувајќи „борба против непријателите на Европа“.
„Ние, Французите го делиме шокот и тагата на Австријците по нападот во Виена. По Франција, пријателска земја е нападната. Ова е нашата Европа. Нашите непријатели мора да знаат со што си имаат работа. Ние нема да попуштиме пред ништо”,
напиша Макрон на Твитер.
Шефот за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел вели дека е шокиран и погоден од веста за вечерашниот напад.
„Ова е кукавички чин на насилство и омраза“,
напиша Борел на Твитер.
Европа остро го осудува овој кукавички чин, злосторство врз животот и човечките вредности, рече претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.
„Ние сме со Австрија“, .
порача Мишел
За време на вечерашниот напад во центарот на Виена, како што е досега потврдено, загинаа еден минувач и еден напаѓач, а повеќе лица се повредени.
Градоначалникот на Виена Мајкл Лудвиг, по состанокот на кризниот штаб, вечерва објави дека напаѓачите пукале кон луѓето кои седеле во кафулињата.
„Пукано е во луѓето во баровите, особено кон оние кои седеле во бавчите“,
рече Лудвиг, додавајќи дека е запрепастен од нападот.
Тој истакна дека постои тесна соработка меѓу полицијата и градските власти и организации со цел да се пронајдат напаѓачите.
Градоначалникот информира дека еден од напаѓачите е убиен и дека се проверува неговиот идентитет, како и дека се проверуваат информациите дека носел појас со бомба.
Лудвиг рече дека меѓу убиените има и еден цивил и дека има 15 ранети.