Официјалната веб-страница на претседателската кампања на Доналд Трамп била накратко хакирана, соопштија од неговиот тим.
Хакерите на интернет-страницата поставиле порака со содржина: „Оваа веб-страница е заземена“.

„Светот е заситен од лажни информации што претседателот секојдневно ги шири“,
пишувало во пораката која според кампањата на Трамп стоела на страницата неколку минути.
Авторите на пораката тврделе дека имаат доверливи информации за Трамп и неговата Влада и барале плаќање во криптовалута за да се открие нејзината содржина.
Портпаролот на кампањата Трамп 2020, Тим Мурто, го потврди хакирањето на веб-страницата, истакнувајќи дека соработуваат со полицијата за да се најде изворот на нападот и додаде дека страницата повторно е во функција.
Хакерскиот напад се случува на една недела пред одржувањето на претседателските избори, и во ек на предвременото гласање.
*Поврзани вести:
Проверка на факти: Трамп во дебатата 15 пати ја довел јавноста во заблуда, Бајден три пати
„Економист“ прогнозира: Бајден има 93 отсто шанси за победа на изборите