Апел на министерот за здравство до граѓаните
По денешните најголем број починати досега од почетокот на пандемијата со ковид-19 и рекордните реиси 30 проценти позитивни од бројот на тетирани, министерот за здравство Венко Филипче вечерва со апел со граѓаните да ја сфатат ситуацијата сериозно.
„Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен. Есенскиот бран на вирусот „коси“ низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран“,
апелираше вечерва Филипче преку Фејсбук.
Денеска за жал, имаме досега најголем број на починати, 22 пациенти ја изгубија битката со Ковид-19. Регистрираме…
Posted by Венко Филипче on Sunday, October 25, 2020
Тој исто така очекува итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени и повика на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита.
„Денеска за жал, имаме досега најголем број на починати, 22 пациенти ја изгубија битката со Ковид-19. Регистрираме рекордни 30% позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата“,
се нагласува во објавата на министерот за здравство.