Најмладиот починат е на 35-годишна возраст од Скопје
29,5 отсто од тестираните се позитивни
Бројот на активни случаи во земјата изнесува 7 408 во 35 града
Дваесет и две лица починаа во изминатото денононоќие што е најголем број смртни случаи во 24 часа од почетокот на пандемијата со ковид-19 во земјава.
Од починатите седум се од Скопје, од кои најмладиот е на 35 години, додека останатите се на 55, 64, 66, двајца на 71 и еден на 78-годишна возраст, еден од Куманово (57г), двајца пациенти од Дебар (58 и 64г), еден од Прилеп (61г), еден од Струга (75г), двајца пациенти од Велес (61 и 64г ), двајца од Битола (74 и 70г), двајца од Гостивар (79 и 76г), двајца пациенти од Крива Паланка (56 и 88г), еден од Кочани (60г) и еден пациент од Делчево (81г).
Двајца починале во домашни услови, додека еден во болница.
Според статистиката што вечерва ја објави Министерството за здравство, во последните 24 часа се регистрирани нови 561 случај од направени 1 901 тестирања што е 29,5 отсто од тестираните. Најмногу од новите случаи се во Скопје-271, по што следуваат: Куманово-29, Дебар-2, Штип-19, Прилеп-33, Тетово-26, Струга-3, Велес-20, Битола-17, Охрид-11, Кавадарци-18, Гостивар-10, Гевгелија-15, Струмица-32, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-8, Виница-1, Делчево-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-4.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 197 оздравени пациенти од: Скопје-91, Куманово-7, Штип-8, Прилеп-18, Тетово-13, Струга-4, Велес-3, Битола-4, Охрид-3, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-16, Радовиш-2, Кочани-9, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Валандово-2, Свети Николе-4, Кичево-4.
Со денешните бројки, вкупно ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26 954, на оздравени е 18 627, на починати е 919, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7 408.
Во земјава активни случаи има во 35 града и дистрибуцијата е следна:
• Скопје 11 473, активни 3 562
• Куманово 2 124, активни 331
• Дебар 321, активни 57
• Штип 1 548, активни 201
• Прилеп 1 087, активни 316
• Тетово 1 923, активни 408
• Струга 774, активни 78
• Велес 508, активни 151
• Битола 542, активни 182
• Охрид 604, активни 167
• Кавадарци 429, активни 176
• Гостивар 1 105, активни 144
• Гевгелија 332, активни 180 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 47 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 736, активни 434
• Крива Паланка 204, активни 75
• Радовиш 201, активни 74
• Крушево 22, активни 2
• Кочани 644, активни 212
• Пробиштип 159, активни 29
• Демир Хисар 72, активни 10
• Македонски Брод 100, активни 4
• Пехчево 57, активни 9
• Берово 193, активни 57
• Валандово 92, активни 40
• Виница 163, активни 59
• Делчево 227, активни 128 (47 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 37, активни 11
• Свети Николе 452, активни 70
• Кичево 481, активни 124
• Ресен 224, активни 55
• Неготино 120, активни 62 (17 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1 901 теста се преку: ИЈЗ-528, ЦЈЗ Скопје-37, Авицена-511, Биотек-229, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -93, Систина со PCR метода -139 , лабораторија Лаор –121, ЦЈЗ Битола-88, Инфективна клиника-2, ГАК-11, Синлаб-32. Досега во земјата се направени вкупно 235 038 тестирања на ковид -19.