Од Министерството за здравство апелираа погребот да се спроведе согласно протоколите за спречување на ширењето на ковид-19, а поради помртниот позитивен тест на ковид, сите што имале контакт со починатиот поранешен пратеник да соработуваат со епидемиолозите
И покрај апелите од здравствените власти да се почитуваат протоколите кои важат при погреби во услови на пандемија, на погребот на експратеникот Амди бајрам денеска на гробиштата Бутел во Скопје присуствувале околу 300 лица.
Тоа може да се забележи од фотографиите и видеото што го објави Слободен печат.
Погребот на Бајрам беше околу 15 часот, на исламските гробишта во Бутел. Од АД Бутел претходно го демантираа соопштението на партијата Сојуз на Ромите дека тој е биде погребан во Алејата на великаните.
На погребот му претходела голема поворка од возила, која тргна од семејната куќа на Барајм каде што се собрале голем број на луѓе за да му изразат сочувство на семејството.


Бајрам почина вчера во една приватна клиника поради проблеми со срцето, а посмртното тестирање покажало дека тој е позитивен на ковид-19. Поради тоа од Министерството за здравство апелираа погребот да се спроведе согласно протоколите за спречување на ширењето на ковид-19, додека сите што имале контакт со починатиот поранешен пратеник да соработуваат со епидемиолозите.
Неодамна во Истанбул тој правеше свадба за внука си со повеќе од 200 гости од Македонија.